Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е уверен дека ќе успее да го помине Рожер Федерер по бројот на освоени Грен Слем титули. Ѓоковиќ има 17 трофеи дека Федерер го држи рекордот со 20 освоени на Грен Слем турнирите.

„Мислам дека вербата која ја имам во себе потекнува од љубовта која ја чуствувам кон работите кои ги правам. Верувам дека ќе успеам да освојам најмногу Грен слем титули, дека ќе го соборам и рекордот по бројот на поминати недели на врвот на АТП листата. Тоа се главните мои цели.“ – изјави Ѓоковиќ

Ѓоковиќ вкупно во кариерата досега е 282 недели на врвот на АТП листата, со ова тој го има третиот најдобар резултат во историјата зад Сампрас со 286 недели и Федерер со 310 недели.