Србинот Новак Ѓоковиќ го кометираше медицинскиот протокол за претстојниот УС Опен, се предвидуваат строги хигинески правила.

Ѓоковиќ смета дека со ваков протокол тенисот ќе биде невозможен, ова се екстремни правила, УС Опен ќе се игра веројатно зад затворени врати но и со нови  задолженија.

Протоколот предвидува корона тест пред секој турнир, воедно АТП сака да воведе специјални чартер  авио летови во кои ќе патуваат сите тенисери од турнир на турнир, тоа за Ѓоковиќ е нешто невозможно.

Според новите предлози, секој тенисер ќе може д аима само еден тренер, ограничен пристап на терените за тренинг, ова за Ѓоковиќ се екстремни и незвозможни услови.

„Разговарав со челниците на светскиот тенис, правилата кои треба да ги почитуваме се екстремни, УС Опен треба да се одржи во август, но не знам дали воопшто ќе се одржи но правилата кои треба да ги почтуваме се невозможни, само еден тренер, тоа е глупост“  – изјави Ѓоковиќ.