Новак Ѓоковиќ е во фокусот на вниманието на спортската јавност на планетата, настапот на Австралијан Опен станува извесна работа, Србинот се очекува да добие дозвола да ја брани титулата.

Настапот на АО 2022 за Ѓоковиќ е од исклучителна важност, тој едноставно „мора“ да игра, да ја брани титулата, со тоа и првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ не играше на АТП купот, загуби 525 бода, па разликата меѓу него и Медведев сега изнесува 2.080 бода.

Србинот брани 2.000 бода, а Медведев 1.200 и во случај двајцата тенисери да стигнат до финалето, и таму да триумфира Русинот, Ѓоковиќ пак ќе има предност од околу 400 бода. За да дојде до смена на врвот, Медведев треба да ја освои титулата, а Ѓоковиќ да испадне барем во полуфиналето.