Вечна е дебатата кој е подобар од големата тројка Ѓоковиќ-Федерер-Надал.

Сепак, во нешто Швајцарецот и Шпанецот многу заостануваат зад Новак Ѓоковиќ.

Имено, титулата во Дубаи е 50-та, до која Ѓоковиќ дојде со победа против најмалку двајца тенисери од топ 10 на АТП-листата. Во Дубаи тој ги совлада Гаел Монфис и Стефанос Циципас.

За споредба, Роџер Федерер има само 39 такви титули, а Рафаел Надал само 33.

Ѓоковиќ има и подобар процент на успех против тенисерите од топ 10 од неговите двајца конкуренти.

.

Новак Ѓоковиќ:

Успех против играчи надвор од топ 10: 699-90 (88,59 % на победи)

Успех против играчи од топ 10:  212-97 (68,60 % на победи)

Рафаел Надал:

Успех против играчи надвор од топ 10: 819-108 (88,34 % на победи)

Успех против играчи од топ 10:  171-92 (65,01 % на победи)

Роџер Федерер:

Успех против играчи надвор од топ 10: 1018-148 (87,30 % на победи)

Успех против играчи од топ 10:  224-123 (64,55 % на победи)