Новак Ѓоковиќ со поразот од Федерер 6-4 и 6-3, го заврши учеството на турнирот во Лондон, со тоа згаснаа надежите на Србинот дека ќе се врати на првото место на АТП Листата.

Швајцарецот одигра подобро од Ѓоковиќ кој спортски му ја честита победата.

„Не можев да направа ништо, тој беше подобар во сите аспекти на мечот, одигра добро и апсолутно заслужено стигна до победата“ – беше искрен Ѓоковиќ.

Федерер ќе чека расплет во групата „Андре Агаси“ за да го дознае противникоит во полуфиналето.