Новак Ѓоковиќ во пресрет на почетокот на „Адриа Тур“  во Белград, турнир од хуманитарен карактер одржа прес конференција на која присуствуваа и странски новинари.

Еден новинар од Германија, со чудење го праша Ѓоковиќ, зошто само во Србија се игра тенис со публика, доби експресен одговор.

„Убаво е кога имаме новинари од странство, ти дојде од Германија, сакам да кажам дека работите овде се поинакви од Британија и Америка. Овде важат други стандарди, поинаку се справуваме со проблемите, можеби затоа што Србија подобро се справува со коронавирусот“ – затоа имаме публика“ – одговори Ѓоковиќ.