Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, му одржа вистинска тениска лекција на Русинот Карен Хачанов, кого во четврт-финалето на АТП турнирот во Дубаи го совлада за само еден час и шест минути, со резултат 2:0 (6:2, 6:2). Ѓоковиќ не му остави никаква шанса на 16-от светски рекет и ја извојува својата 16-та победа во исто толку мечеви во оваа сезона. После овој меч Ѓоковиќ поведе со 3:1 во меѓусебните дуели со Хачанов.

Во полуфинале Ѓоковиќ ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Монфис и Гаске, а полуфиналниот меч ќе се одигра утре, околу 16 часот. Ѓоковиќ има позитивен биланс со двајцата потенцијални противници, со Монфис 16:0, а со Гаске 13:1.

Со оваа победа на Ѓоковиќ отпадна можноста Надал в понеделник да се врати на челото на АТП-листата.