Канаѓанецот Денис Шаповалов (20) по освојувањето на турнирот во Стокхолм предизвика големо внимание со една изјава по завршувањето на турнирот.

Шаповалов им се закани на тројцата најдобри тенисери во светот, Ѓоковиќ, Надал и Федерер дека нивната доминација завршува.

Последните 15 години „големата тројка“ доминира во светскиот тенис, но Шаповалов ги предупреди дека им се ближи крајот.

„Следната година ќе биде многу интересна, мислам дека „големата тројка“ и покрај тоа што и натаму игра добро, сепак нивната доминација набрзо ќе заврши. Доаѓаат нови тенисери и доаѓа нивното време“  – изјави Шаповалов.