Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ќе биде подготвен за настап на УС Опен и покрај проблемите со повреда на рамото.

„Сакам да играм во Њујорк, мислам дека имам добри шанси за титула.“ – изјави Ѓоковиќ.

Ако Ѓоковиќ го освои трофејот ќе стане четвртиот тенисер во историјата во Опен ерата кој четири пати славел на турнирот во Њујорк.

УС Опен започнува на 26 август а ќе заврши на 8 септември.