Коронавирусот го суспендира тенисот до август, но Новак Ѓоковиќ ќе организира турнири во БиХ, Србија, Хрватска и Црна Гора со наслов „Адриа Тур“.

Хрватот Горан Иванишевиќ го пофали Новак Ѓоковиќ, направил голема работа за тенисот во Хрватска бидејќи Задар ќе биде домаќин на една од четирите станици.

„Турнирот во Задар ќе се игра на земја, сакавме на бетон, но избравме друга подлога. Чекаме потврда колку навивачи ќе смеат на трибините во Задар, капацитетот е 9000 седишта. Новак Ѓоковиќ направи голема работа за Хрватска која на светот ќе му се претстави во убаво светло благодарение на Србинот“ – изјави Иванишевиќ за Вечерни.