Новак Ѓоковиќ денес ја одбрани титулата на Вимблдон во натпреварот против Роџер Федерер, не криејќи ја среќата по големата победа.

„Сето ова и е спрецијално, да делам вакви моменти со синот, семејството, со својот тим. Сопругата е дома со ќерката, голема прегратка за нив. Ви благодарам на сите што направивте да бидам овде. Кога бев дете, сонував за ова.“ – изјави Ѓоковиќ по примањето на пехарот.

Федерер по одиграниот натпревар со Ѓоковиќ, меѓу другото истакна дека сега ќе се врати на родителските должности.

„Наскоро и јас повторно ќе бидам татко.“ – додаде на ова светскиот ас.