Новак Ѓоковиќ се дообјаснува по разговорите на Инстаграм со многу познати личности, Србинот говореше дека со позитивни или негативни мисли може да се влијае врз трансформацијата на водата.

Србинот беше под критика и дека не сака да се вакцинира доколку тоа биде задолжително за спортистите по завршувањето на кризата предизвикана од коронавирусот.

„Благословен сум што можам да имам слични ставови со некои неверојатни луѓе, не проповедаме ништо, само го споделуваме нашето мислење за животот, сите минуваме низ емотивни предизвици, не сакаме да се наметнуваме или да наметнеме нешто“ – изјави Ѓоковиќ.