Србинот Новак Ѓоковиќ иако нема настап на ниеден официјален турнир од УС Опен до денес, сепак и натаму е недостижен за конкуренцијата на АТП списокот.

Ѓоковиќ точно 344 недели е на врвот на АТП, има 1800 бода повеќе од Данил Медведев, Русинот е најголема закана за Србинот за преземање на врвот.

Интересно е тоа што Роже Федерер и натаму тоне, сега Швајцарецот падна на 15 позиција.