Новак Ѓоковиќ кажа кого смета за фаворит на Австралија Опен.

„Јавен фаворит нема. Да, тука сме ние со Федерер и со Надал. Благодарејќи на искуството, рејтингот и знаењето, веројатно ќе не стават во главните фаворити. Но, тука се Медведев, Циципас и Тим, кои исто така играат фантастичеен тенис. Тие се сега и поискусни, одиграа големи мечеви. Тие можат да се натпреваруваат со секого и да победуваат. Да, некој од помладите кога тогаш ќе освои Гренд Слем, но се надевам дека тоа нема да се случи во оваа година“, вели 32-годишниот Србин.

Ѓоковиќ сезоната ја почна со победа на АТП Куп, каде ги совлада и Надал и Медведев.