Поразот на Данил Медведев од Григор Димитров на Индијан Велс значеше крај на надежите на Русинот дека ќе го симне од врвот Новак Ѓоковиќ.

Србинот сега е сигурен на првото место на АТП најмалку до 22 ноември, со тоа Ѓоковиќ ќе биде на врвот 347 недели во низа.

Ѓоковиќ ќе се обиде да остане на првата позиција до крајот на годината, со тоа ќе постави уште еден рекорд, седма година во која Србинот би ја завршил на првото место на АТП листата, ќе го надмине Пит Сампрас и ќе биде прв во историјата на тенисот со ваков резултат.