Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ потврид дека нема на учествува на турнирот во Париз но ќе биде дел од турнирите во Виена и во Лондон.

Тој посочи дека до крајот на оваа година ќе настапи на овие два турнири и воедно издвои дека му е мерак што ќе се појави во Виена каде што не бил нецели 15 години.

Ѓоковиќ до крајот на оваа година треба да освои 350 бодови на АТП листата за да остане на првото место пред Надал. Ако го направи тоа ќе го израмни рекордот на Пит Сампрас.