Новак Ѓоковиќ во маратонски меч со 3-1 и по  нешто над 4 часа игра го победи Рафел Надал, закажа финале на Ролан Гарос против Стефанос Циципас каде голем фаворит.

Србинот изјави дека ја заслужил победата, ќе одмори и слави, а потоа ќе размислува за дуелот со Циципас.

„Ова беше еден од надобрите мои мечеви кои сум ги играл на Ролан Гарос, еден од топ три во мојата кариера. Убаво беше што имаше публика, имаше посебна дозвола, не ми беше наклонета, но ме мотивираа, ова е ноќ која долго ќе ја памтам“ – изјави Ѓоковиќ