Завршниот Мастерс турнир во Лондон денеска влегува во завршната фаза. На програта се двата полуфинални меча, воведен е одној меѓу Ѓоковиќ и Тим.

„Многу го почитувам Доминик, неговата игра и работна навика. Секогаш кога сме играле, на последните три, четири дуели, тоа беше некој своевиден маратон, возбудливо беше. Ова е полуфинале и очекувам тешка борба, во тоа не се сомневам. Тој е во многу добра форма, сака да игра на оваа подлога. Тука играше во финалето минатата година, го победи и Федерер и мене минтата година во О2 аретата.“ – вели Ѓоковиќ.

Ова ќе биде 12 меѓусебен дуел на Тим и Ѓокович, Србинот има водство од 7:4 во победи.

 „Ако играм како што знам, и ако покажаме квалитетен тенис на теренот, мислам дека имам добри шанси за победа.“ – тврди Ѓоковиќ.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Тим е закажан за  15 часот, од 21 часот ќе играат Надал и Медведев во второто полуфинале.