Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ еуфорчно го коментираше пласманот на Црвена Звезда во плеј-офот  во Лигата на шампионите по пенал победата над Копенхаген.

На мечот беа изведени 22. пенали, на крајот се радуваа фудбалерите од Белград чиј голем навивач е Ѓоковиќ, тој го победи Сем Квери и обезбеди пласман во третото коло во Синсинати, по овој меч го коментираше пласманот на Ц.Звезда во плеј-офот.

„Можеби поради Црвена Звезда велгов малку нервозен на овој меч со Квери бидејќи скокав од радост во соблекувалната, поточно во теретаната. Се загревав и ги следев пеналите со Горан (Иванишевиќ), тоа што го направија е неверојатно, честитки за сите особено за голманот Борјан кој одбрани толку многу пенали “ – изјави Ѓоковиќ за Спортклуб.