Новак Ѓоковиќ доживеа шокантен пораз во третото коло на Мастерсот во Монте Карлои не го криеше своето разочарување поради тоа. Ноле беше совладан од Даниел Еванс во два сета и тоа после едно неочекувано издание на српскиот ас, а за тоа говореше и Србинот.

Веднап по мечот, тој се обрати до јавноста.

„Најпрво да кажам дека тој ја заслужи победата. Играше со поголем квалитет, а беше подобар во одлучувачките моменти. Искрено да кажам ова беше еден од моите најлоши натпревари, барем колку што можам да се сетам, во последните неколку години. Се чувствував одвратно на теренот, вкупно гледајќи. Ништо не функционираше. Тоа е еден од оние денови“– вака ја започна кратката изјава Новак на теренот во Монте Карло.

А потоа и додаде:

„Просто беше едно очајно издание. Не можам ниту една позитивна работа да извлечам од овој натпревар. Навистина ми остана горко чувство кога на ваков начин го напуштив теренот“- истакна Ѓоковиќ.