Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми стигна до осминафиналето на Мастерсот во Шангај, по победата над Канаѓанецот, Денис Шаповалов со идентични 6-3 и 6-3.

Во првиот сет одлучувачкиот момент се случи во 8 гејм кога србинот направи брејк, а веќе во следниот рутински отсервира за водство со 1-0 во сетови. За разлика од првиот во вториот дел од играта Ѓоковиќ на двата му го одзеде сервисот на младиот канаѓанец и обезди пласман во третото коло од Мастерсот во Шангај.

Таму за противник ќе го има Американецот Џон Иснер кој утрово беше подобар од Французинот Лука Пуј со 2-0 по сетови.

Денеска, во осминафиналето пласман обезбедија и Александар Зверев, Карен Хачанов, Баутиста Агут и Стефанос Циципас.