Новак Ѓоковиќ поради замор нема да настапи на АТП Мастерсот во Монтреал од серијата 1000 во Канада. Најдобриот тенисер на светот по освојувањето на Вимблдон реши да го „прескокне“ овој Мастерс.

„Жал ми е што морам да Ве информирам дека нема да настапам годинава на  Роџерс Купот, решив на своето тело да му дадам одмор и време за рехабилитација“ – изјави Ѓоковиќ.

Србинот во Канада  победи четири пати, наизменично се игра овој турнир во Монтреал и Торонто, тој победуваше во 2007, 2011, 2012 и 2016 година.