Новак Ѓоковиќ со победата против Александер Бублик донесе израмнување за Србија 1-1 против Казахстан во четвртфиналето на Дејвис купот.

Најдобриот тенисер на светот со 6-3 и 6-4 донесе победа и израмнување за Србија, сега ќе решава мечот во двојки кој започнува подоцна вечерва.

Со триумф на дублот Ѓоковиќ/Чачиќ, Србија ќе обезбеди полуфинале и меч со Хрватска во ова натпреварување.