Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, изјави дека ќе настапи на турнирот „Japan Open“ за прв пат во кариерата.

Причина за ваквата одлука на Србинот е што на терените на овој тениски комплек ќе се одржи Олимпискиот турнир во Токио 2020 година.

„Ќе настапам на овој турнир, тука ќе се играат мечевите на Олимписките игри следната година, приоритет ми е медал“ – изјави Ѓоковиќ.

Србинот никогаш претходно не настапил на овој турнир, мечевите на „Japan Open“ годинава се играат од 30. септември до 6. октомври.