Новак Ѓоковиќ организира серија серија на хуманитарни тениски турнири, првиот е во Белград, започнува од петок.

Во продажба има околу 5000 влезници, во првиот круг се продадени 2000 за само 12 минути, потврди братот на Новак, Џорџе Ѓоковиќ.

„Изненадени сме, очекувавме голема заинтересираност, ова е хуманитарен настан, им благодарам на сите што купија влезници“ – изјави Џорџе Ѓоковиќ за РТС.

Во првиот круг за 7 минути беа продадени 1000 влезници, во вториот иста бројка но за само 5 минути.