Новак Ѓоковиќ денес игра против Џон Милман во финалето на турнирот во Токио.

За Србинот ова е 110 АТП финале, а за Австралијанецот прва борба за трофеј на турнирот Серија 500.

Денешниот натпревар е трето меѓусебно соочување на Ѓоковиќ и Милман. Во истите Ноле ги доби средбите без изгубен сет.

Двата меѓусебни дуели беа во 2018 година каде Ѓоковиќ славеше со 2:0 во Квинс, а потоа со 3:0 на УС Опен.