Новак Ѓоковиќ ќе има шанса да се бори за две бронзени одличја на ЛОИ во Токио во сингл и во микс-дубл конкуренција откако денеска беше поразен во двете полуфиналиња.

Реакцијата на прворангиранот светски тенисер по двата порази е одчекувана.

„Морам да му оддадам признание за пресвртот. Сервираше многу добро. Немав многу шанси на неговиот втор сервис а мојот значително опадна откако поведов со 3:2 во вториот сет. Застанав, не бев свеж и многу сум исцрпен, но дојдов мотивиран да и донесам медал на мојата земја. Во моментов се чувствувам ужасно, но утре се надевам на свеж почеток. Се надевам деќа се опоравам и дека ќе освојам барем еден медал за мојата земја.“ – изјави Ѓоковиќ.