Новак Ѓоковиќ сигурно го држи врвот на АТП листата, со 11.963 бода, зад него е  Рафаел Надал кој сега има 9.810 на второто место.

Србинот е рекордер по бројот на неделите минати на врвот, сега ја стигна и Серена Вилијамс која 319 недели беше на првата позиција на ВТА.

Ѓоковиќ сега е на пат да ги стигне   легендарната Мартина Навратилова која беше 332 недели прва, а рекордерка е Штефи Граф од Германија со 377 недели минати на првата позиција кај дамите.