Сагата со Новак Ѓоковиќ влегува во завршна фаза, откако тенисерот призна дека и покрај тоа што бил свесен оти е заразен со Ковид-19, не бил во изолација, туку давал интервју за „Л`Екип“ а претходно присуствувал на настан на кој имало деца.

„Присуствував на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември, по што беше објавено дека многу луѓе од тој круг се позитивни. Јас немав симптоми, но на 16 декември направив брз антигенски тест кој покажа дека сум негативен. Истиот ден направив и официјален ПЦР тест. Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград и делев награди на деца. Пред доаѓањето направив нов брз тест кој беше негативен. Се чувствував добро, а информацијата за позитивен резултат на ПЦР тестирањето ја добив по тој настан. Следниот ден, на 18 декември бев во својот тениски центар во Белград за да ги исполнам договорите кон француски „Л’Екип“. Ги откажав сите останати обврски освен тоа интервју, за кое чувствував обврска да го одработам, не сакав да ги изневерам новинарите. Сепак, се погрижив да одржувам социјална дистанца и носев маска во текот на целото интервју, со исклучок на времето кога ме сликаа. Веднаш потоа заминав дома за да се изолирам. Сега кога ќе размислам, беше грешка што го прифатив тоа интервју, требаше да ја одложам таа обврска“ – стои во дел од сооштението на Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)