Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи во микс дублот со Нина Стојановиќ, пренесува РТС.

Првиот светски рекет останува без медал на Олимписките игри. После поразот на Ѓоковиќ од Карењо Буста во мечот за трето место се очекуваше Ноле во тандем со Нина Стојановиќ да се обиде да ја освои бронзата во микс дублот, но од тоа нема ништо.

Физичката исцрпеност по шест часа и 40 минути играње тенис за 24 часа, во три различни меча го исцрпеле Ѓоковиќ, па тој одлучи да се повлече од микс дубл мечот.

Бронзата така им припадна на Парс и Барти, а српскиот тенис иако го има првиот светски рекет заврши без освоен медал.