Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на Ролан Гарос, губеше со 2-0 од Италијанецот Лоренцо Мусети, на крајот победи со пресврт.

Србинот стигна до 2-2 и во петтиот сет водеше со 4-0, тогаш Мусети се откажа поради повреда на препоните. Ѓоковиќ искрено изјави како стигна до пресврт.

„Да бидам искрен, на паузата ја сменив долна облека и сè останато. Понекогаш потребно е да се ресетирате, ми требаше освежување“ – рече Новак.

Следен противник на Ѓоковиќ повторно ќе биде тенисер од Италија, Матео Беретини ќе се обиде да го победи Србинот.