На почетокот од јануари (17-30.01.2022) ќе се одржи првиот Гренд слем во сезоната, традиционално тоа е Австралија опен (АО).

Пандемијата создава проблеми, неизвесен е настапот на Новак Ѓоковиќ кој не е вакциниран. Австралија и државата Викторија не дозволуваат невакцинираните да настапат на АО.

Дилеми сè уште постојат, дали ќе биде изменето ова правило, но ако остане актуелната ситуација, Ѓоковиќ нема да настапи на овој Гренд слем.

„Не е важно дали сте првиот тенисер во светот или нешто друго, правилата важат за сите, нема потреба од менување“, рече Грег Хант, министер за здравство на Австралија.

Ова предизвика големи реакции, не е само Ѓоковиќ невакциниран, дискусијата сè уште трае, како ќе заврши, ќе знае многу брзо.