Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ порача оти нема место за загриженост поради вечерашниот сензационален пораз  од Лоренцо Сонето, наведувајќи дека тој се должи на недостиг на мотив.

Ѓоковиќ имаше катастрофално издание и за само 68 минути му ја честиташе победата на 42 тенисер на АТП листата.

„Тоа што го обезбедив првото место на крајот од годината имаше големо влијание врз мене. Еднставно,  го постигнав тоа што го сакав и поради кое овде дојдов, го обезбедив првото место. Продолжувам понатаму, се е во ред со мене кога е во прашање денешниот резултат.  Здрав сум и гледам напред за успешно да ја завршам годината на турнирот во Лондон“, изјави Ѓоковиќ