Новак Ѓоковиќ  со победа на турнирот во Токио им се врати на сингл натпреварите, откако утрово без многу проблеми забележа победа над Алексеj Попирин од Австралија.

Српскиот ас поради проблеми на рамото еден месец беше надвор од терените, а своето „деби“ по повредата го имаше вчера, кога во двојки загуби со својот партнер Крајиновиќ, но утринава во мечот во сингл конкуренција без поголеми проблеми го совлада Попорин и обезбеди осминафинале во Токио.

20-годишниот Попирин, во првите 8 гејма од првиот сет одлично му парираше на српскиот „ас“, но во 9 гејм го загуби својот сервис што беше доволно за Ѓоковиќ да стигне до победа од 6-4.  Во вториот сет, Ноле отвори подобро и со два брзи брејка го сведе овој меч во своја корист со 6-2.

Во борбата за четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се судри со јапонскиот ветеран, 35-годишниот Го Соеда.