Србинот Новак Ѓоковиќ во моментов е втор на АТП листата, во пресрет на завршниот турнир во Лондон по кој може да се врати на првото место изјави дека сака да игра тенис професионално уште долго време.

Ѓоковиќ има 32 години, освои 77 турнири, неговата професионална кариера трае полни 16 години, не размилсува за пензија.

„Сакам да играм уште долго време, не размислувам за повлекување, не знам уште колку долго ќе играм но сакам тоа да потрае“ – изјави Ѓоковиќ.

Србинот го очекува настап во Лондон каде бара шанса за враќање на првото место, турнирот започнував недела.