На завршниот Мастерс во Лондон, Новак Ѓоковиќ вечерва од 21 часот се среќава со Доминик Тием, со победа Србинот ќе се доближи до првото место на АТП листата.

Поразот на Надал од Зверев му ја отвори вратата на Ѓоковиќ кон враќање на првата позиција, за тоа Србинот мора да биде перфектен до крајот на турнирот во Лондон и да го освои.

Секој друг резултат, освен триумф на Ѓоковиќ во Лондон ќе значи задржување на првото место на АТП за Рафаел Надал.