Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, го коментираше полуфиналниот меч со Монфис од АТП турнирот во Дубаи на кој спаси три меч топки на противникот и го совлада со 2.1 во сетови.

Тоа е како да си на ивица од провалијата, знаеш дека назад не можеш, знаеш дека треба да скокнеш и се молиш да преживееш и се да заврши добро. Такво чувство имав во тој момент. Од поразот ме делеше еден поен, еден удар, назад немаше пат“, рече по мечот Ѓоковиќ.

 

Во финалето тој ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас, со кого има скор од 2:2.