Новак Ѓоковиќ во јуни и почетокот на јули ќе организира ревија на мечеви „Адриа Тур“ на кој ќе настапат големи ѕвезди од светскиот тенис.

Ова е рестарт на тениската сезона во регионот, преноси од натпреварите во Белград, Загреб, Бања Лука и Црна Гора ќе емитува регионалниот спортски канал Спортклуб.

Соработката меѓи Ѓоковиќ и Спортклуб трае подолго време, Србинот вели, се „бркаат“ веќе 15 години.

„Се заблагодарувам на семејството на Спортклуб, се бркаме веќе 15 години во мојата кариера, се радувам на преносите, доаѓаат Зверев, Тим, Димитров, се надевам ќе уживаме во тенисот со преносите, не очекуваат убави моменти“ –  изјави меѓу другото Ѓоковиќ.