Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6:3, 6:2, 6:7 (5), 7:5) го победи Матео Беретини и закажа полуфинале со Рафаел Надал на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ и Беретини одиграа долг и исцрпувачки меч кој траеше 3 часа и 32 минути. Интересно е дека во четвртиот сет, мечот беше прекинат, се празнeа трибините поради полицискиот час во Париз, потоа продолжи, а Србинот запиша победа.

Полуфиналниот спектакл, Ѓоковиќ-Надал на програмата е во петок од 15 часот.