Новак Ѓоковиќ поради болките во рамото не можеше да го доигра мечот против Вавринка во осминафиналето на УС Опен.

Првиот светски рекет призна дека морал во предвид да го земе сопственото здравје и воедно жали што морал да се повлече.

„Болката трае веќе неколки недели. Жал ми се за публиката, сакаа да го гледаат целиот меч но тоа е . Не е тајна дека сакам да го стигнам рекордот на Федерер по бројот на освоени Грен слем турнири. Истовремено сум свесен дека тоа е долг пат. Се надевам дека ќе можам да играм уште неколку години. Сега е најважно да го сочувам телото и здравјето“ – изјави Ѓоковиќ.