Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за ситуацијата на Ролан Гарос, за тестовите, условите за трениг и однесувањето на организаторите на турнирот.

Организацијата на турнирите во Европа и САД не е иста, Ѓоковиќ „удри“ по организаторите на Ролан Гарос.

„Ме тестираа пред да дојдам во Париз, некоку пати и во Рим, па повторно во Париз, па ме ставија во карантин, ова веќе е неиздржливо, особено ако се знае дека некои тестови не се баш исправни, како во случајот со Вердаско. Ние мораме да ги почитуваме правилата и тука нема пробле, но не мора баш да биде вака, се претерува“ – изјави Ѓоковиќ.

Србинот во понеделник го започнува походот на Ролан Гарос, прв противник му е Швеѓаенцот Микаел Имер.