Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, уште на стартот на турнирот во Белград ја потврди својата одлична форма по победата над Хрватката Маријана Дражиќ.

Тетовчанката на својата противничка и препушти само еден гејм и со резултат од 6-1 и 6-0 обезбеди пласман во следното коло.

Таму Ѓорческа ќе се сретне со Србинката Тијана Сретеновиќ. За потсетување, организатор на овој турнир е поранешниот рекет број осум, Србинот Јанко Типсаревиќ.