Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, минатата седмица во Анталија ја освои титулата на истоимениот турнир. Лина оваа седмица на истата локација, во улога на прва фаворитка, во првото коло ќе игра против Сафо Сакелариди од Грција.

Според информациите, по овој турнир во Анталија ќе следува мал одмор за Ѓорческа, по што продолжува со тренинзите и со подготовките за мечевите во 2020 година. Ѓорческа веројатно нема да настапи во квалификациите на првиот гранслем-турнир во 2020-та, на Австралија опен во Мелбурн.

Во неделата во Анталија, Ѓорческа го освои 10-от турнир во кариерата во поединечна конкуренцијам, апрв годинава и по пауза од речиси две и пол години стигна до нова титула. Тетовчанката во игра на двојки има 41 титула.