Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа полека, но сигурно се враќа во својата најдобра форма, по повредата која ја имаше изминатиот период.

Лина се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Капошвар, Унгарија, откако денеска во четвртфиналето ја преслуша квалификантката Емилијана Аранга од Колумбија со 6-0 и 6-2.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе се сретне со Вероника Ерјавец од Словенија која денеска беше подобра од четвртата носителка на турнирот, Унгарката Далма Галфи со 6-0 и 6-4.