Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа одигра феноменално оваа седмица на турнирот во Трнава, но денеска во финалето загуби Софија Лансере.

Русинката беше подобра по два сета, кои Ѓорческа ги загуби со 6-2 и 6-3 . За напомена Ѓорческа на овој турнир стигна преку квалификациите и повеќе од задоволна може да биде со нејзиниот настап.

Турнирот во Трнава за Лина беше втор годинава, по оној во Штутгарт каде настапите ги заврши уште во второто коло.