Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше одлична седмица на турнирот во Трнава, иако загуби во финалето од Софија Лансере со 6-2 и 6-3.

Лина на овој турнир мина и две квалификациски кола, а се до финалето беше прилично убедлива против своите противнички.

Ваквите игри и резултати,Ѓорческа ја искачија 60.позиции на најновата ВТА листа и сега е на 343.место во сингл конкуренција.

Најдобар пласман Ѓорческа имаше на 12 јуни 2017 година, кога се наоѓаше на 170. позиција, но поради проблеми со повредите таа минатата сезона имаше голем пад на ВТА листата.