Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која се наоѓа со нов триум. Тетовчанката се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Анталија, по победата над Џени Дарст.

Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот славеше со убедливи 6-2 и 6-0 и обезбеди нов пласман меѓу осумте најдобри на еден турнир.

За потсетување тетовчанката минатата седмица исто така во Анталија ја освои 10. титула во нејзината кариера, а прва по пауза од скоро две години. Овие резултати на Ѓорческа се показател дека се враќа во старата форма, откако се опорави по повредата која ја мачеше минатата година.