Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа продолжи со одличните игри оваа година и забележа нова победаа во првото коло од ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија.

Лина заедно со Деспина Папамихаил од Грција, како втори носителки ја оправдаа фаворитската улога над рускиот пар  Тасја Пачкалева и Амина Анхба со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-3. Во следната рунда македонско-грчката двојка ќе се соочи со Јохана Маркова и Ника Радишиќ.

ИТФ фјучерсот во Анталија Турција што се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.