Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа втора седмица по ред освојува титука. Тетовчанката денес  славеше во финалето против Уна Орпана од Финска со 2-1 по сетови на ИТФ турнирот во Анталија. Лина од овој турнир заработи 15.000 долари.

Мечот траеше околу два и пол часа, а се можеше да биде решено во два сета, доколку Ѓорческа ја искористеше меч топката при водство од 5-4 во вториот сет.

 

Во 2019 година за Македонката ова е втора титула во поединечна конкуренцијам, а вкупно 11 во кариерата. Ѓорческа сезонава освои и уште пет титули во игра на двојки.