Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по само два дена, откако славеше во двојки на турнирот во Прага, денеска го одигра својот прв меч на турнирот во Истанбул каде загуби по 3 сета од Анастасија Захарова.

Во првиот сет играше рамо до рамо со руската тенисерка, а откако двете тенисерки не успеаја да се изборат за брејк предност, сетот замина во тај-брејк во кој Македонката беше поуспешна со 8-6.

Добрата игра на нашата тенисерка продолжи и во вториот сет, но само до осмиот гем, кога Захарова направи брејк, па експресно го потврди за израмнување на 1-1. Во третиот сет следуваше голем пад на Ѓорческа и победа на Русинката од 2-6.